Селскиот туризам во Македонија ќе привлекува повеќе странци

Се зголемува бројот на селски домаќинства и угостителски објекти во афтентични традиционални услови.

Југозападниот плански регион нуди огромни природни и културни можности за развој на руралниот туризам.Со разновидна туристичка понуда ќе се привлекуваат туристите .

 Посетителите ќе може да вкусат традиционална храна и виното дауживаат во селската средина опколена со природните убавини и секако да видат дел од рачно изработените производи специфични за ова поднебје. 

 Надлежните сметаат дека секоја развојна стратегија треба да ги следи новите трендови на алтернативните форми на туризам во кои спаѓа и селскиот туризам за зголемување на бројот на туристите кои што сакаат еколошки чиста средина.