Секс во вода: Што треба да знаете?

Секс во вода можеби звучи забавно и авантуристички, но овој секси потфат доаѓа во пакет со ризици. Можеби ви изгледа секси во некоја легендарна филмска сцена, но во вистинскиот живот секс во вода може да биде навистина незгодна авантура.

Ако сепак сте решиле да ја изведете оваа секс авантура, прво информирајте се за можните несакани последици.

Водата е нечиста

Сигурно немате секогаш секс на беспрекорно чист кревет и стерилизирани чаршави, но во големите водени пространства како езеро (природно и вештачко), море или океан има бактерии како Ешерихија коли и салмонела. Истото важи и за базени и џакузи бањи, каде дополнителен пробем може да предизвика несоодветното ниво на pH вредноста што може да го оштети кондомот.

„Може да внесете бактерии и други бацили длабоко во вагиналниот канал и да направите поголем проблем“, предупредува Џенифер Вајлдер, доктор за женско здравје.

Појава на сувост

На прв поглед си велите – супер ќе лизга во вода. Но, не заборавајте дека водата не е лубрикант. Напротив, може да предизвика уште поголемо триење бидејќи ќе го измие природниот лубрикант на пенисот и на вагината. Ако користите кондом, водата може да го измие и исуши и лубрикантот на презервативот.

Зголемен ризик од сексуално преносливи болести

Извинете, ама водата нема магично дејство и не чисти од сексуално преносливи болести. Со оглед на тоа дека употребата на кондом е малку покомплицирана под вода, со неправилна употреба на кондомот го зголемувате ризикот од заразување, а ако не користите никаква заштита – целосно сте изложени на ризик.

Да, може да забремените

Урбана легенда е дека може да забремените ако влезете во базен или када со вода во која некој ејакулирал, но ако имате секс во вода и партнерот сврши во вас, да, има шанси да забремените.

Ако имате секс во вода нема да биде крајот на светот, но подобро е да ги знаете ризиците, како и за сѐ друго.