Секс-туризам: Комшијата го издава станот на еден ден – секоја вечер нови љубовници

Голем број на станови во Скопје можно е да се изнајмат на само еден ден, а додека нивните сопственици се пресреќни поради добрата заработувачка, соседите полудуваат, бидејќи ноќе не можат да спијат поради премногу гласниот секс.

Сè поголем број сопственици се откажуваат од месечното изнајмување на становите, бидејќи на тој начин можат да заработат до 300 евра, а ако ги изнајмуваат по ноќевање заработуваат и до 1.000 евра месечно.

Сепак, тие станови ги изнајмуваат оние желни за забава или трагачи по секс засолниште.

– Ноќе се организираат забави кои траат до сабајле, се пушта гласна музика, луѓето врескаат, пејат, тропаат по вратите. Бог да ние е напомош! Меѓутоа, интересдно е дека и младите двојки неретко изнајмуваат стан за да водат љубов. Кога тоа го прават, тоа често се слуша во целата зграда. Не можеме да спиеме поради сè. Зградата ни е речиси претворена во јавна куќа –вели еден од станарите.