Секому е потребна насмевка: Прекрасни цитати за среќата!

Сите сме во постојана потрага по среќата, а како што вели една изрека: „Токму она што го бркаш, бега од тебе.“  Со среќата е малку поинаку, се додека ја бараме надвор од себе, таа ќе бега од нас и на трката никогаш нема да и дојде крајот.

Од таа причина денес со вас споделуваме прекрасни мисли за среќата кои ќе направат да се насмевнете и ќе ви го разубават денот.

  • „Дури и ако среќата ве заборави накратко, таа никогаш во потполност не ве напушта.“ – Жак Превер
  • „Имаме навика да забораваме дека среќата не доаѓа како резултат на добивање нешто што го немаме, туку прифаќање на тоа што го имаме.“ – Фредерик Кониг
  • „Користете ја насмевката да го промените светот, не му дозволувајте на светот да ја менува вашата насмевка.“ – Непознат автор
  • „Секоја насмевка ве подмладува за еден ден.“ – Кинеска поговорка
  • „Ако сте презафатени за да се насмевнете, тоа значи дека сте презафатени.“ – Поговорка
  • „Не престануваме да играме затоа што старееме, туку старееме кога ќе престанеме да играме.“ – Џорџ Бернард Шо
  • „Оптимизмот е магнет за среќа. Ако бидете позитивни, ќе привлекувате добри работи и добри луѓе.“ – Мери Лу Ретон
  • „Насмевнете се и ќе имате пријатели, намуртете се и ќе имате брчки.“ – Џорџ Елиот
  • „Забележав дека ако го сакаш животот и животот ќе те сака тебе.“ – Артур Рубинштајн
  • „Еј, денес немам ништо друго да правам освен да се смејам.“ – Пол Сајмон
  • „Ако се насмевнеш некому, можеби ќе ти возврати.“ – Непознат автор
  • „Ако сега се насмевнете, ќе забележите дека животот и понатаму вреди да се живее.“ – Чарли Чаплин
  • „Потребно е многу енергија за да бидете негативни. Морате да се трудите за тоа. Затоа насмевката е безболна. Попрво ќе ја трошам енергијата на смеење.“ – Ерик Дејвис
  • „Понекогаш радоста е причина за насмевка, но и насмевката може да биде поттик за радост.“ – Тих Нхат Хан
  • „Три основни работи потребни за среќа: да правиш нешто, да сакаш некого и да се надеваш на нешто.“ – Џозеф Адисон
  • „Не си осамен ако ти се допаѓа личноста со која си осамен.“ – Вејн Дајер
  • „Среќата не е дестинација, туку патување.“ – Маргарет Ли Рунбек
  • „Не се прашувај што му треба на светот. Запрашај се што тебе те прави жив и насочи се кон тоа. Затоа што на светот му се потребни луѓе кои се чувствуваат поживи од кога било.“ – Хауард Труман
  • „Токму ти си нечија причина за насмевка.“ – (Непознат автор)