Секојдневното практикување на овие навики ќе ве направи попаметни

Иако многу луѓе веруваат дека интелигенцијата е нешто со кое се раѓаме, сепак постојат многу методи кои можат да ги подобрат нашите когнитивни способности и да бидат поефективни на работното место или во барањето работа.

Доволно посветеност и мотивација може да ги подобри умствените способности и да нè направи попаметни. Интегрирањето нови навики во секојдневната рутина е одлична стимулација за интелектот. Здравјето на мозокот е исто така важно како и целосното физичко здравје.

Ова се навики кои ќе ви помогнат да го постигнете тоа.

Посетувајте нови места

Без оглед на тоа дали тоа значи ново кафуле, нов пат кон работа или факултет, патување во друг град или држава, овие работи се значајна вежба за нашиот мозек. Постојано поттикнувајте го вашиот мозок со ново размислување за нови нешта и места и бирајте работи кои не сте ги правеле претходно и места кои никогаш не сте ги посетиле.

Продолжете го вашето образование

Тоа не мора да значи формално образование, туку постојано едуцирање за нови нешта. Купете нова книга, запишете се на нов курс, направете истражување на интернет. Изградете навика постојано да се едуцирате за нови нешта. Тоа ќе ви донесе повеќе интелигенцијата и ќе го поттикне вашиот мозокот постојано да се соочува со нови предизвици.

Гледајте и читајте вести

Иако вестите се исполнети со информации за лоши настани и чудни политики, сепак редовното следење на вестите ќе ви овозможи информираност за тоа што се случува во земјата и светот. Секојдевното собирање нови информации е убава дневна навика. Вестите не мора да се секогаш политички, туку за теми кои ве интересираат.

Читајте книги

Во денешно време, изгледа како да ги заменивме книгите со нашите телефони, таблети и лаптопи. Но, редовното читање книга ни остава можност за вежбање на нашиот мозок  и нови зборови во нашиот речник. Без оглед на темата која ќе ја изберете, секоја книга е одлична мозок вашиот мозок да го испратите на ново место. Тоа меѓудругото ја развива и вашата фантазија и му помага на вашиот мозок да разбере нови информации.

Пристапете им на работите на нов начин

Ова особено се однесува на учењето и работата. Без оглед на тоа каква работа имате, секогаш трудете се да и пристапите на нови начини кои не сте ги применувале претходно, а кои ќе ви помогнат да го вежбате мозокот, но и да развивате нови вешини. Тоа ќе ви донесе повеќе креативност и нови идеи и ќе ви ја направи работата поинтересна.

Предизвикајте се себеси

Исто како што билдерите се предизвикуваат себеси во теретана, обидете се да се предизвикате себеси постојано да се надминувате. Алберт Ајнштајн вели :  една личност не треба да следи цели кои лесно се исполнуваат. Таа личност треба да развие инстинкт за да го постигне тоа што бара големи напори.

Со доволно фокус и растегнување, мозокот навистина може да ве изненади. Почнете да верувате во своите способности и оставерете го тоа што не сте ни помислиле дека можете да го постигнете.

Тренирајте го мозокот

Постојат милион апликации кои нудат стимулативни и интересни вежби за нашиот мозок. Тие не одземаат многу време, а и се многу интересни и често заразни.