Секојдневно расте бројот на оздравени пациенти од корона вирусот

Во последните неколку денови бројката на новозаразени од коронавирусот опаѓа, а бројот на оздравени драстично се зголемува.

Министерот за здравство пак рече декаја добовме првата битка со коронавирусот,а во државата имаме и пациент кој после 12 дена е тргнат од респираторна машина и е во добра состојба.

Тој е прв во државава од почетокот на епидемијата кој е исклучен од машина и сега може самостојно да дише. Добрата здравствена состојба на 38-годишниот пацинет вчера ја потврди и директорот на болницата, Христијан Костов.

– Пациентот сам дише, зборува, свесен е. Веројатно така и ќе продолжи. Ако е во добра состојба уште 24 часа ќе биде преместен од Интензивна нега на оддел. Пациентот неколку дена прима озонска терапија, има протокол на лекување и му даваат антибиотици и антиинфламаторни лекови, рече директорот на ГОБ „8 Септември“, каде што на респираторна машина се уште тројца пациенти.

Во вчерашната евиденција на Министерството за здравство во поминатите 24 часа имаше и двајца починати – 55-годишен пациент од Прилеп, кој во ГОБ „8 Септември“ бил хоспитализиран на 22 април и 13 дена приклучен на респираторна машина, а во болницата во Битола почина пациент хоспитализиран на 4 мај, кај кого посмртно било потврдено присуство на вирусот.

Од  почетокот на епидемијата во земјава КОВИД-19 е потврден кај 1539 лица, оздравени се 1057 и починати 88. Активни случаи има  394. Една третина од вкупниот број заразени (515) се во Скопје, а следна општина по број на дијагностицирани е Куманово со 402. Случаи со потврден вирус има во уште 26 градови.