Секојдневни навики кои се штетни за вашето здравје

Откажувањето од штетни навики може да биде многу тешко. Уште потешко е да се ослободим од оние навики за кои мислиме дека се добри за нас, а кои всушност прават штета на нашите тела.

Еве само неколку од нив:

Се трудите да не кивнете

Кога ги затвораме нашите усти и си го затнуваме носот за да се спречиме себеси да кивнеме, нашиот притисок значително се зголемува. Проток на крв до мозоко е попречен, а нашите кривни садови и нервни ткива се компресираат. Ова може да води до главоболки, оштетување на крвните садови, дури и проблем со слухот. Никогаш не се обидувајте да се спречите себеси да кивнете.

Користењето парфем

Синтетичките суптанци често се користат за да се создаде парфемот, бидејќи произведуваат посилни мириси и се поевтини од природни масла. Овие супстанци можат да предизвикаат вртоглавици, гадење и умор. Тие исто така ги иритрираат очите, грлото и кожата. Најубаво е да ги замените парфемите со миризливи масла или да ги ставате во добро проветреана просторија.

Складирањето храна во пластични кутии

Голем дел од пластичните кутии содржат вештачки хемиски супстанци. Ако долго време се држ во пластични кутии, храната може да ги прими овие супстанци, а ако ги внесеме во телото, тие може да имаат ефект врз ендокриниот систем.

Многу подобра идеја е да складирате храна во стаклени, метални или керамички садови.

Миењето заби веднаш по јадење

Забарите препорачуваат да ги миете забите барем 30 минути по јадењето. Ако е возможно, најубаво е тоа да го правите по еден час. Храната и пијалоците, особено оние кои се прилично кисели влијаат врз глеѓта на забот, како и на слојот под него (дентин). Движењето на четката ја турка киселината подлабоко и поблиску до дентинот. Ова може да предизвика екстремна чувствителност и оштетување на глеѓта.

Често користење на антибактериски сапун

Голем број од корисните бактерии живеат на површината на нашата кожа и со тоа ги штитат нашите тела. Ако пречесто користиме антибактериски сапун  ќе завршиме со стерилизирање на нашите раце, а тоа создава можност за штетните бактерии да влезат во нашето тело. Дерматолозите препорачуваат користење на антибактериски сапун за исекотини и гребаници. Не го користете овој сапун за миење на рацете повеќе од двапати неделно.

Носење претесни фармерки

Иако се модерни, тесните фармерки постојано се притиснати на вашата кожа и нервни завршетоци. Ова создава постојано чувство на неудобност кое може да води кон проблеми со нервниот систем. А и ако тоа не е доволно лошо, ограничениот проток на воздух во вашите нозе може да предизвика чешање и скокоткање и да предизвика „трнење“ во вашите нозе.

Пиење свежо исцеден сок

Свежо цедените сокови се добри само во мали количини. Некогаш може да предизвикаат и штета. На пример, сокот од грозје не е препорачлив за луѓе кои имаат дијабетес. Соковите се силни алергенси и треба да внимавате кога им ги давате на децата, давајте им само мали количини и ако е возможно прво консултирајте се со доктор.