Секојдневни комбинации кои ги прават жените неодоливи

Британскиот портал "Who What Wear", спровеле едно истражување каде што испитаниците биле само мажи.

Тие требале да одговорат, која е таа комбинација на облека која мажите најмногу ја сакаат на жените. Резултатите се следниве:

Мал црн фустан
Тоа девојките најдобро го знаат. Не е важно дали е во прашање излегување или некој свечен настан. Во секој случај, изгледаат неодоливо.

Високи потпетици
Секоја девојка знае дека високите потпетици се задолжителен завршеток на соодветениот аутфит, но и дека ги издолжуваат нозете и даваат доза на елеганција.

Нешто црвено
Црвената боја знае да биде и неблагодарна, бидејќи не секому му прилега секогаш . Меѓутоа потемна црвена кога е облеката во прашање или црвен кармин, малку ќе ја разбијат монотонијата.

Голи раменици и гол грб
Веќе оддамна не е во мода длабоко деколте. Сега голи раменици и грб се апсолутно "ИН".

Кожна јакна
Со црна кожна јакна, никогаш не можете да згрешите, ама баш никогаш.

Чипка
Тешко е да се пронајде романтичен фустан кој има чипка, а притоа да не биде кич. Многу е важно да внимавате кога бирате ваков вид на фустан, за да изгледате елегантно и секси.

Фармерки и бела маица
Се што ви е потребно е добар пар на фармерки и најобична бела маичка. Оваа комбинација најмногу ја сакаат мажите.

Спортска облека
Истражувањето покажало дека мажите ги сметаат жените за најпривлечни во комбинација кој е за во теретана.