Секоја врска не е осудена на успех, некои ни даваат значајни поуки

Не е лесно да се биде измамен и изманипулиран. Прави да посакаш да се откажеш од сè и едноставно да отидеш некаде каде никој нема да те пронајде. Знам дека се плашиш, но треба да сфатиш дека ова се само животни битки кои треба да ги победиш и совладаш. Овие врски се тест за онаа вистинската, за да може да се препознае кога ќе се појави. Знам дека повеќе не веруваш некому, затоа што срцето премногу ти било скршено, но имај верба во луѓето. 

Сите имаме некој кој е создаден само за нас, кој е наша втора половина, само треба да ја пронајдеме таа личност. Некогаш е потребно повеќе време и многу исплакани солзи, но кога ќе се појави онаа личност која е твоја совршена половина, тоа ќе го знаеш. Престане да се обвинуваш себеси и да мислиш дека нешто ти недостига. Запомни дека не мора да си совршен човек за другите да те сакаат, затоа не се труди да бидеш нешто што не си. Биди она што си и другите ќе те сакаат поради тоа. 

Еден ден кога сета оваа болка ќе пројде и кога ќе ја најдеш личноста создадена за тебе, ќе почувствуваш среќа и олеснување што не се откажа од љубов. Дури тогаш ќе сфатиш дека некои врски ни се потребни без оглед на тоа колку биле болни и колку страдање донеле во нашиот живот. Потребни ни се за да ни дадат важни животни поуки!

Потребни се за да нè научат како треба да се однесуваме во врската, што не смееме да дозволуваме и што треба да бараме од нашите партнери. Понекогаш е потребно да бидеме измамени и изманипулирани за да научиме што не ни е потребно во животот и за да знаеме што сакаме и што да бараме.