Секоја вистински среќна жена се води според овие правила

За среќа не ни е потребно многу. Среќата е одлука и зависи од нашите одлуки, а секоја вистински среќна жена се води според овие правила

Партнер не е гаранција за среќа

На среќната жена не и потребен партнер за да биде задоволна, таа носи среќа одвнатре, задоволна е со себе и се сака себеси. Поразите и погрешните избори не ја спречуваат да продолжи да верува во љубов.

Храбро се соочува со сите предизвици

Среќната жена може сама да се избори со сите неволји и не ѝ е потребна ничија помош. Таа сама ја создава својата судбина.

Добро се чувствува во својата кожа

Често обрнуваме внимание на нашите мани, наместо на доблестите. Следниот пат кога ќе се погледнете во огледало, обрнете внимание само на убавите работи – тоа го прават сите среќни жени. Сакајте си го телото и тоа ќе ви ја возврати љубовта. 

Простува

Среќната жена на своја душа не ги носи товарите од минатото, таа ги простува грешките. И своите и на другите.

Не се грижи за работите на кои не може да влијае. 

Таа има став дека таа е она која избира како да живее и се фокусира на она што може да го гради и на кое може да влијае. 

Не се занемарува себеси и своите потреби

Супер е човек да биде поддршка за другите луѓе, но среќната жена знае дека не смее да се заборави себеси. Среќната жена знае колку е важно времето за себе и своите задоволства. Таа се негува себеси и се грижи за својот ум, душа, тело... Ако немате љубов кон своето битие, како ќе имате кон другите?