Секоја професија има своја тежина, ама не може иста плата да имаат лекарите и келнерите

Завршуваш средно образование и со надеж дека еден ден ќе имаш подобра иднина, запишуваш факултет. Учиш, се мачиш. Со ноќи не спиеш, се расправаш со професори, со колоквиуми, тестови и задачи. Ти се жртвата, но со надеж дека еден ден ќе се исплати сето тоа.

Секој чест, за они кои веднаш наоѓаат работа и работат според она што учеле, имаат добра плата и нормални услови. Но, сепак во Македонија поголем број е таквите кои мака мачат со наоѓање на било каква работа.

-Иста како мојата судбина ја имаат многу млади во Македонија. Некои седат дома и чекаат работа, според струката, некој работи што ќе стигне. Не осудувам никого. Секој си знае за себе. Јас не сум од они кои можат да седат дома. Морам да чепкам нешто. А факултетската диплома, за жал, веќе шест години ми виси дома во дневната на ѕид закачена. Направена и ставена во убава стаклена рамка. Знам ќе работам во струката, но, не за бедни пари. Во келнерството во Скопје има повеќе пари, отколку во правото. Се надевам еден ден ќе ја извадам од таа рамка, со горчлива насмевка раскажува Филип.

-Сакаш да излезеш. На 26 години треба да имаш свои приходи, не да чекаш од мајка ти и татко ти. Колку пари ќе им земеш? За едно кафе? До кога вака ќе биде? За да не се срама и стискам додека барам пари од моите родители, решив да си заминам да одам на печалба.Ја напуштив Македонија за да си обезбедам пристоен живот. Јас бев тој што никогаш не сакаше да си оди од Македонија и бев голем оптимист дека ќе се променат нештата. Не сакав да го напуштам родното место, прјателите, спомените. Но, дојдов до точка на вриење. Од љубов не се живее, а љубовта нема да ми донесе леб дома“, раскажува скопјанецот Антонио, кој на 26 години реши да си замине од Македонија.

-Ги гледам огласите и се чудам, се сложувам секоја професија е важна, ама не може да дадете иста плата на лекар и на келнер. За што се мачеле луѓево да учат. И кога ќе отидам на разговор за работа во некоја фирма каде бараат работник со средно школо ме прашуваат зошто воопшто сум дошла кога имам мастер слободно можа да работа на некоја повисока функција. Да така е ама, ај оди најди ја таа работа?Почнав да ја гледам реалноста и сфатив дека подобро е да работам во кафич или пекара барем платата ќе ми биде над 12.000 денари, вели Ирена.