Секоја личност која сте ја сакале била вистинската личност за вас

Љубов. Сите ја бараме. Сите мислиме дека знаеме да сакаме. Сите сакаме. Сите порано или подоцна страдаме за љубов. Љубов = Страдање, но... Љубов = Среќа. Тенка е линијата помеѓу страдање и среќа, но сите несвесно го преземаме тој ризик, заслепени од убавината на моментот и уверени смее дека ние сме нешто посебно и дека таа, баш таа наша љубов, е најголемата љубов на светот, дека таква љубов никогаш не ни постоела и дека постои само среќа која ништо не може да ја наруши, дека личноста која сме ја пронашле за нас е совршена. И со таква поставеност на мислите разочарувањето е неминовно и тука кругот се затвора и почнува страдањето. 

За оние кои биле доволно мудри, тоа страдање може да биде вовед за личен развој, во некоја нова љубов, низ спознанието и прифаќањето на личноста која ја сакаме баш онаква каква што е. За оние малку послабите, разочарувањето станува преголемо и тие губат доверба во љубовта, затоа што ако љубовта исчезнала, тогаш не ни постоелa љубов, а ако тоа што сме мислеле дека е љубов излезе дека не е љубов, тогаш сигурно не постои љубов. 

Често, веднаш по првото разочарување, луѓето се откажуваат од љубов. Се трудат да ја заборават, да се уверат себеси дека љубов не постои и дека љубов е само некоја илузија, преценет збор.  Не сфаќаат дека со откажување од љубовта, се откажуваат од самите себеси, од среќата. А нема потреба за тоа, сѐ е многу поедноставно отколку што изгледа. 

За жал, не постои школо за љубов. Ја учиме низ текот на животот, секој на свој начин и од различни „учители“, повеќе или помалку вешти. Погрешно нѐ учат дека само еднаш се сака во животот, погрешно ја толкуваме љубовта, па заљубеноста и страста се мешаат со чистата љубов. 

Погрешно нѐ учат дека постои само една совршена личност која седи и некаде таму не чека. Стануваме жртви на илузиите и очекувањата кои самите сме ги создале, па нѐ разочарале. И тогаш, како вистински кукавици... се откажуваме... А зошто не ја гледаме љубовта како една вештина која се учи низ такот на животот? Нешто како возење автомобил. Замислете што ќе беше ако сите луѓе се откажуваа од возење по само едно седнување зад волан и една грешка. 

И љубовта се учи... и во љубовта се созрева... и полека се сфаќаат сите нејзини различни облици. Сите искуства кои сте ги имале или ги имате се дел од едно прекрасно патување, една потрага по искрена и вистинска љубов, која постои и која еден ден, ако сте доволно храбри, трпеливи и не се откажете од својата потрага, баш во оној момент кога ќе научите да сакате и ќе бидете подготвени за неа, ќе ви ги донесе најубавите мигови за кои отсекогаш сте сонувале. 

Секоја личност која сте ја сакале или која ја сакате е вистинската и дошла во вашиот живот како ваш учител. Бидете благодарни на сите оние кои сте ги сакале, затоа што баш тие ве направиле личноста која сте денес. Заблагодарете ѝ се на личноста која сега е покрај вас, ценете го сегашниот момент, внимателно отворете ги очите и учете. Колку побргу ќе научите сите лекции од школото на љубовта, толку побргу ќе бидете посреќни, посакани, поисполнети и со насмевка на лицето и дишата ќе се сеќавате на сите искуства кои ве донеле до тој момент. 

И не заборавајте на зборовите на Херман Хесе: „Среќен е оној кој умее да сака!“