Секоја личност која ја среќавате е ваше огледало!

Сакам да ви дадам можност да се запрете среде хаосот и бескрајните потези во вашиот живот. Застанете и вдишете длабоко.

Како вдишувате, дозволете вашите мисли да отпловат кон сите луѓе во вашиот живот, без оглед на тоа колку ги има. Не е важно. Кога ќе издишете, отпатувајте во своите чувства и размислете за секоја личност во вашиот живот.

Сега кажете ми, што се случи?

Можеби чувствувате убави чувства како љубов, сигурност, воодушевување, почитување и уважување.

Од друга страна, можеби сте искусиле омраза, љубомора, болка, презир, лутина, бес, срам и фрустрација. Иако сме наклонети кон еден сет на чувства да ги сметаме за добри, а другиот сет на чувства за лоши, сакам да го прегрнете секое чувство кое ќе ви се појави.

Дозволете им да постојат.

Дозволете вашето расудување да се крева и да се спушта. Не се грижете, можете да се проценувате и себеси и другите.

Открив дека расудувањето е потребно за нашиот духовен развој. И сигурно се прашувате: Која е таа витална работа за луѓето во вашиот живот која сакам да ја запомните?

Сакам да го запомните ова: Секоја личност која ја среќавате е ваше огледало.