Секој втор Никола е Кољо, Александар - Саше, Славица - Цаци....Традоционално или уникатно име?

Повеќето родители сакаат нивните потомци да носат единствени, карактеристични и препознатливи имиња. Затоа што на секој детето му е уникатно и посебно.

Но, голем дел од луѓето се одзиваат на совите надимаци наместо вистински имиња. Така на пример секој втор Никола е Кољо, Александар- Саше, Александра-Сандра, Славица-Цаци....

-Моето име не ми се допаѓа, искрено и до ден денес им забележувам на моите родители и ги прашува зошто мораа да ме крстат Споменка. Инаку кога се претставува го користам надимакот односно скратеницата Менче.

-Јас сум Трпана, по баба ми, никој не ме вика по вистинското име. Имам скратеница Тики, така сите ме знаат, сметам дека на детето треба да му се даде некое универзално и кратко име од кое и тоа не би се срамело. Порано беше традиција децата да ги носта имињата на своите дедовц и баби, но гледам тоа пополека изумира.

-На девет мои деца и имам дадено странски имиња тие ми се допаѓаат. Синот е Ерик, ќерката е Дебора, на почеток ми замеруваа но како поминуваше времето сите се навикнаа, вели Владимир.

-Се викам Константин, и како мал пробуваа да ме викаат Коки, па моите родители ме учеја дека треба да им кажувам на луѓето дека не сум Коки туку Константин. Па така околината се навикна да ме вика по мето по кое ме крстиле да долго е, но за мене многу поубаво име од Коки.

-Јана, Димирти, Лука, Матеј, Ана, Луна, Лара, Леона...Често ги слушам низ парк, изгледа тренд се, имињата се избор и одлука на родителот на кој не му е лесно да одбере име за бебето, затоа што е свесен дека тоа е белег кој ќе го носи цел живот.

Традиционални имиња

Овие родители обично се сентиментални и носталгични. Ако сте се одлучиле вашето дете да го крстите по некој роднина, задолжително треба да имате добра приказна која ќе му ја раскажете кога ќе порасне.

Обично открива конзервативни родители. Не им пречи да го крстат своето дете по бабата или дедото, напротив, горди се на тоа. Сепак, понекогаш е убаво да се сетиме на оние старите имиња, во купот од секојдневни и веќе здодевни имиња и нивни варијации.

Оригинални имиња

Како и кај имињата на познатите личности, не треба да одите во крајност. Оригиналноста на детето се развива низ животот, не со ваков белег. Ексцентричните родители кои сакаат нивното дете да биде над сите најчесто ќе се одлучат за овој чекор.

Унисекс имиња

Не се реткост и најчесто се среќаваат кај децата на успешни родители. Нивната богата кариера често пати ги тера да се борат против „машкиот“ или „женскиот“ свет, заради што размислуваат поинаку.