Секој во животот го наоѓа она што го бара...

 

Еден странец отишол во мал град каде не познавал никого и запрел некој старец на улица и го прашал какви се луѓето кои живеат во тој град. Старецот го прашал: „Какви беа луѓето во градот од каде што дојде?“ Човекот му одговорил дека луѓето во градот од којшто дошол биле лоши и негостољубиви и дека е среќен што го напуштил тој град. На тоа, старецот му одговорил дека и во тој мал град ќе сретне исти такви луѓе. 

Нешто подоцна, некој друг човек проаѓал низ тој мал град и налетал на истиот старец и го поставил истото прашање. „Какви луѓе живеат во овој град?“ Старецот му го поставил истото прашање: „Какви луѓе живеат во градот од кој дојде?“ Човекот рекол: „Таму живеат многу љубезни, гостопримливи и добри души. Таму стекнав многу пријатели и не ми беше лесно да се разделам со нив“. Старецот му рекол: „И тука ќе најдете исти такви луѓе.“ Целата ситуација ја набљудувал некој човек од градот и му пришол на старецот и го прашал зошто на едниот човек му рекол едно, а на другиот човек нешто сосема друго.

Старецот му рекол: „Во секој град има добри и лоши луѓе. Секој го пронаоѓа она што го бара“.

Во животот секогаш среќаваме луѓе какви што сме и самите ние. Ако сме незадоволни и лоши, ќе налетуваме на такви луѓе. Ако сме племенити и добри, ќе бидеме опкружени со исти такви луѓе. Тие работи зависат од нас, од начинот на кој се поставуваме и како се однесуваме едни кон други. Не велат залудно дека го привлекуваш она што самиот го шириш. Позитивните луѓе секогаш ќе најдат нешто добро и позитивно во луѓето и работите, а оние негативните во сите работи и луѓе ќе гледаат лошо. Тие се заслепени од својата негативност која не им дозволува да ја видат убавината и добрината во луѓето.