Секој што има каква било информација за исчезнатата Вања, да пријави на 112

Повеќе од 48 часа се трага по исчезнатата 14-годишна Вања од Скопје.

Алармот преку социјалните мрежи се вклучи и во соседството.

На улиците по кои се движела Вања кон училиштето во понеделникот утрото, се залепени фотографии со надеж дека некој ќе помогне во нејзиното пронаоѓање.

Последните информации се дека последниот сигнал од телефонот марка Ајфон кој го носела со себе, е лоциран на булеварот Партизански Одреди, спроти Универзалната Сала, во регионот на Дебар Маало.

Полицијата продолжува да го бара девојчето, а во потрагата се вклучи и Ловечката Федерација на Македонија. надлежните со апел секој кој има било каква инфомација да пријави на 112.