Секој се паркира на паркинг предвиден за лица со инвалидитет

Иако казните се големи за несовесно паркирање, се чини дека е потребна построга контрола и од полицијата и од оние што управуваат со трговските центри.


Сообраќајна некултура што се казнува со 200 евра. Недостигот од место за паркирање и несовесноста на возачите се најчестите причини поради кои паркинг-просторот наменет за лицата со инвалидитет се узурпира, па лицата со инвалидност мака мачат при пронаоѓање паркинг-место.

Апелите да не се узурпираат местата што се предвидени за нив сѐ почесто не наоѓаат почит кај многу сограѓани, на кои секое слободно паркинг-место им е добредојдено за нивниот автомобил, па било тоа да е и место наменето за автомобил со кој се превезува лице со инвалидитет.