Секој петок да се биде на работа до 13 часот - што велат граѓаните за овој предлог?

Секој петок на работа до 13 часот. Партијата ДУИ со предлог, петоците да се работат со скратено работно време. Што велат граѓаните за овој предлог?

Овој предлог ќе биде дел од изборната програма на интегративците на претстојните избори.

Целта на ова е граѓаните да имаат повеќе време за да се посветат на семејството, а на тој начин да се зголеми и нивната продуктивност на работните места.

Предлогот засега е само идеја. Останува неизвесно дали ќе најде поддршка и од другите политички партии.

Овој предлог наиде на различни коментари. 

Работниците со поделени ставови, едни велат дека е добра идеја, други сметаат дека петок по ништо не се разликува од другите работни денови во неделата. Има работници кои се уште се платени од час, па според овој предлог тие би имале помалку работни часови, а со тоа и помала плата. 

Работодавачите имаат став. Според нив овој предлог треба да е избор, а не правило.

Инаку ова не е прв пат во земјава да се дискутира на оваа тема и да се нудат вакви предлози, но досега за ниеден предлог не се отвори поширока дебата.

Во светот има фирми во кои веќе некој период се работи со скратено работно време, а Финска е првата земја со предлог да се работи само 4 дена во неделата и тоа со скратено работно време.