Секој од нас заслужува личност која ќе ни помогне да го носиме товарот на животот, но и која ќе се радува на нашата среќа

Ако заборавивте што заслужувате во животот, дозволете ни да ве потсетиме на тоа.

Заслужувате личност на чие рамо ќе можете да се потпрете кога мислите дека светот е против вас и кога ќе дојдат тешки денови и мислите дека не можете да издржите повеќе. Заслужувате некој кој ќе ве сослуша што имате да кажете, кој ќе ви дозволи да се исплачите и нема да ви суди во тишината.

Заслужувате цвеќе не само за вашиот роденден, туку и онака, без причина. Заслужувате личност која нема да ве чува како тајна, туку која ќе ве чува како најголемо богатство, за себе, но и пред другите.

Не заслужувате само полноќни повици и пораки, туки и пораки за добро утро и убав ден. Не заслужувате да се прашувате дали сте сакани, колку сте сакани и дали заслужувате повеќе. Не заслужувате личност пред која постојано ќе се прашувате дали можете да кажете нешто.

Заслужувате личност која ве познава, која не е странец пред вас и која вистински сака да ве запознае и да ви дозволи да ја запознаете. Заслужувајте некој со кој ќе можете да го носите товарот кој животот го носи и со која ќе се радувате на среќата.

Заслужувате личност која ќе ви ги избрише солзите, а нема да ги предизвикува.

Само морате да бидете храбри и да го побарате тоа околу себе. Не прифаќајте помалку од тоа. И, не се прашувајте што заслужувате. Вие го заслужувате најдоброто.