Секој на овој свет живее според сопствениот часовник и сопственото време...

Ништо не се случува случајно, сѐ е тоа живот! 

Некој дипломирал на 22 години, а работа добил дури на 27, некој докторирал на 26 години, но умрел на 50. Има луѓе кои дипломираат на 50 години, а живеат до 90. Некои не ни студирале, а сега си милионери, некои имаат занает, но немаат вештини како да заработуваат повеќе. 

Има луѓе кои имаат партнери, но се заљубени во други, има луѓе кои се сакаат, а не се заедно. 

Секој на овој свет живее според сопствениот часовник и сопственото време...

Понекогаш може да ви делува дека луѓето кои ве опкружуваат секогаш одат пред вас, а понекогаш може да мислите дека некои заостануваат, но секој го постигнува својот успех во свое време.

Не им завидувајте, тие си го тераат својот живот, а вие вашиот. 

Опуштете се. Не доцните никаде, не сте пристигнале прерано.

Сѐ што се случува, се случува во право време!