Секој може да биде дел од платформата Support Kocani.
Иницијаторите и активистите упатија јавна покана до сите имаат можност да се придружат како волонтери.
- Придружи се! Како волонтер, ќе имате можност да се вклучите во различни активности и проекти, да ги споделите вашите вештини и да направите позитивна промена во заедницата. Без разлика на вашата возраст, професија или искуство, тука има место за сите кои имаат желба да помогнат. Придружете ни се денес и станете дел од нашата заедница на волонтери! - се наведува во нивниот повик објавен на фејсбук страницата.