Секој може да биде насмеан, но не и среќен

Секоја жена може да се нарече мајка, но не и мама, ако сфаќате што сакам да кажам.
Секој маж може да се нарече татко, но не и тато.
И секој човек може да се нарече сопруг или сопруга, но не и поддршка и столб.
Секој може да биде маж, но не и кавалер.
Секоја може да се нарече жена, но не и дама.
Секој може да биде на важна позиција, но не и важен.
Секој може да биде насмеан, но не и среќен.
И секој може да „има сѐ“, а сепак да нема ништо.
Да бидам Мама, со огромно М, чија висина расте со секој предизвик кој го совладувам.
Да бидам поддршка, а не само сопруга на хартија.
Да бидам дама, жена која се цени себеси и не дозволува некој да си игра со неа затоа што е жена. Нема симнување под нивото кое ја одвојува дамата од невоспитана и проста жена.
Да бидам на „позиција“ со која ќе бидам важна самата на себе, а не на другите.
Да се смеам одвнатре, бидејќи однадвор секој може да се смее.
И да научам да бидам среќна со сѐ она „што немам“.