Секој мора да ја проба оваа салата со киноа

Совршениот ручек на лето е тешко да се смисли. Сите бараме нешто лесно, брзо и вкусно. Поради тоа секој мора да ја проба оваа салата со киноа.

За да ја приготвите салатата ви требаат неколку намирници кои сите ги имаме во домот. 

  • киноа
  • чери домати или обичен домат
  • пченка
  • црвен грав
  • кисели краставички
  • сусам
  • јајце
  • марулка

Најпрво ставете две чаши вода да зоврие во тенџере. Потоа, кога водата е зовриена додадете една чаша киноа и посолете. Измешајте ја солта, жешката вода и киноата и оставете да се вари 15 минути. 

Додека киноата се вари вие почнете да ги сечкате на многу ситно доматите, краставичките и марулката. Кога јајцето ќе се свари и тоа исечкајте го на ситни парчиња. Тајната е во тоа да имате што е можно поситни парчиња зеленчук.

Во моментот кога киноата е готова, по 15 минути, тргнете го тенџерето од оган и ставете ги внатре ситно исечканите зеленчуци, јајцето, пченката и црвениот грав. Додадете сусам и промешајте сѐ заедно. 

По желба можете да додадете дополнително сол, масло или италијански сос за сервирање. 

Јадењето е готово за помалку од половина час, а вашиот желудник ќе ви биде благодарен за здравиот ручек полн со витамини и хранливи материи.