Секој хороскопски знак има свој уникатен „љубовен потпис“, кој е вашиот?

Секој знак има посебен „љубовен потпис“ кој го открива вашиот начин на љубење и на кој начин сакате да ја почувствувате љубовта.

Вашата основна љубовна природа ќе ви даде показатели за тоа дали сте срамежливи, разиграни или пасивни кога станува збор за љубовта.

Овен

Страста и огнената топлина е вашиот љубовен оперативен стил. Ако некој ви се допаѓа, нема да седите мирни и ќе преземете сѐ што можете за да ја освоите таа личност. Вие сте храбри во односите со другите и веднаш им ставате до знаење како стојат работите.

Бик

Вие сте сензуални, делувате бавно и секогаш точно знаете кој и што сакате. Вашата љубов е утешна и приземјувачка за сите оние кои ќе се сретнат со нејзиниот смирувачки допир. Вие сте верни и трпеливи во љубовта и сакате партнер кој го почитува тоа.

Близнаци

Во љубовта највеќе ја вреднувате умствената поврзаност. За вас, поттикнувачката и интересната дебата е најдобар афродизијак, затоа што цените интелигенција и памет повеќе отколку што било друго.

Рак

Вие сте сонувачи и интуитивни, а највеќе сакате да бидете во можност да ги споделите своите чувства со партнерот и да имате чувство на поврзаност и разбирање. Во љубовните односи сакате да се грижите за личноста која ја сакате. Вие сте грижливи и секогаш давате најголема поддршка.

Лав

Вие сте креативни и разиграни и потребна ви е страст во љубовта. Сакате да се забавувате во односите, досадата за вас значи и смрт за врската. Вашата природа бара да бидете во центарот на вниманието на вашата љубов, во спротивно бргу ќе го изгубите интересот.

Девица

Вие сте аналитична и претпазлива личност, а понекогаш, вашиот непостојан менталитет бара од вашиот партнер да ви покаже колку ве сака. Сакате редовни вербални потсетници кои ќе ви дадат до знаење дека сте почитувани, а покажувањето наклонетост лесно може да го поправи вашето расположение. Кога добивате љубов, вие безрезервно ја давате.

Вага

Вие сте романтични и друштвени и секогаш размислувате за различните начини преку кои можете да му угодите на својот партнер. Во вашите односи мора да има минимално ниво на конфликти, затоа што тие го реметат вашето чувство на рамнотежа и хармонија, такашто вие сакате односи во кои владее дипломатија.

Скорпија

Вашата емоционална интензивна природа бара длабока и силна врска со вашите љубовни интереси. Доколку воочите површност, тогаш вие губите интерес, затоа што вие сакате да нурнете подлабоко и да ја откриете тајната страна на вашиот партнер.

Стрелец

Во љубовта, за вас, најважни се разновидноста и авантурата. Вие сте ентузијасти и експанзивни во искажувањето чувства, но најдобро функционирате во врска во која можете да имате простор за слободно да истражувате непознати територии.

Јарец

Вие сте предан и прагматичен љубовник и повеќе ја изразувате својата љубов преку дела отколку преку зборови. Вие сакате вашиот партнер да се чувствува сигурно, да има сѐ што му е потребно за да се чувствува удобно во животот.

Водолија

Во љубовта исклучително ви се важни слободата и индивидуалноста. Вие сте креативен партнер кој секогаш има нешто ново и интересно да понуди, сѐ додека имате доволно простор да бидете она што сте.

Риби

Вашиот чувствителен и емпатичен стил полн со љубов доаѓа од длабоко духовна природа. Имате многу љубов за давање и го цените односот кој ви овозможува целосно да го отворите своето срце без страв дека ќе бидете изиграни.