Секојдневно низа апсења за дрога на подрачјето на главниот град. Вчера и денеска по полноќ со лисици на раце завршија неколкумина дилери.
- На 26.01.2025 во 21.30 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.Х.(27) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени таблети.
- На 26.01.2025 во 23.45 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода С.Т.(30) од село Шишево, скопско и О.К.(36) од Скопје затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и бела грутчеста материја.
- Денеска (27.01.2025) во 02.25 часот во Скопје, на подрачјето на Чаир, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода А.Ј.(20) и Д.Ѓ.(20), двајцата од Скопје, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка.
- На 26.01.2025 во 21.20 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.К.(22) од село Бардовци, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
- На 26.01.2025 во 15.45 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.К.(22) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
По целосно документирање на сите одделни случаи ќе следува соодветен поднесок против сторителите.