Секој ден посреќни – гледајте смешно видео, пејте под туш, шетајте во природа

Не можете да постигнете апсолутна среќа, но можете секој ден да се потрудите да бидете малку посреќни.

  1. Будете се барем 10 минути порано од вообичаено и посветете малку време на себе, без да брзате.

  2. Пред спиење, пишувајте барем по неколку реченици како се чувствувате.

  3. Освен тоа, напишете барем неколку работи за кои имате моќ да ги смените во следните неколку месеци.

  4. Препрочитајте некоја книга од минатото.

  5. Одете на прошетка сами, барем 10 минути без вашиот телефон.

  6. Згответе го својот омилен оброк за вечера.

  7. Пијте една чаша повеќе вода од тоа што го пиете вообичаено.

  8. Дајте им комплимент на оние кои го заслужуваат тоа.

  9. Носете облека која прави да се чувствувате пријатно.

  10. Медитирајте барем 5 минути пред спиење.

  11. Слушајте ја музиката што ја сакате, веднаш по будењето.

  12. Пејте под туш.

  13. Гледајте видео од кое ќе заплачете од смеење.

  14. Јавете им се на оние кои ги сакате.

  15. Прославете за нешто што не сте мислеле дека ќе го постигнете.