На потегот пред мостот Близнаци во општина Аеродром, па се до крстосницата кај Фершпед, веќе недели наназад возачите во главниот град се жалат дека „заглавуваат“ во огромна гужва. Во утринските и попладневните часови, кога фреквенцијата на возила е поголема, на овој булевар се формираат огромни колони во кои возачите за 20-тина минути минуваат премало растојание.
Веќе повеќе од еден месец, булаварот AСНОМ кој од мостот Близнак води кон нас. Ново Лисиче, е цалосно затворен за сообраќај, а на терен има огромнен ископ во кој се извршуваат зафати околу хидротехничката инфраструктура.
И граѓаните на социјалните мрежи константно реагираат и се жалат на состојбата на сообраќајот на овој булевар, а на неколку пати беа објавува и фотографии на кои можеше да се види како автомобили тука возат по тротоарите и велосипедските патеки, за да го намалт времето на чекање. Сепак, како што може да се види од состојбата на терен, зафатот не изгледа дека е пред завршување и наскоро враќање во употреба на тој дел од бул. АСНОМ, а со тоа и растеретување на гужвата, во скоро време веројатно нема да има.
Останува на скопските возачи кои транзитираат од оваа сообраќајница да ги „истренираат“ своите нерви и освен проблемите со паркирање и гужвите во повеќе делови на градот, да се навикнат или барем да најдат начин да ја избегнат и оваа точка.
(Фото - Скопјеинфо)