Секој четврток отворени денови на општина Илинден

Отворените денови на општина Илинден се реализираат секој четврток од 13:00 до 16:00 часот.

Сите заинтересирани граѓани во овој термин можат да остварат средба со стручните служби на општината, со директорите на јавните претпријатија и со градоначалникот Жика Стојановски, информираат од општината.

На средбите, граѓаните ќе можат да ги посочат своите проблеми, да ги претстават своите идеи, предлог-проекти, како и да покренат нови иницијативи.