Секогаш сте слободни да се завртите и да одите таму каде што ќе бидете среќни!

Ова е важна лекција која секој човек мора да ја знае! Слободни сте да си одите од која било приказна во која ќе се најдете. Слободни сте да си одите од која било приказна, особено ако не се сакате самите себеси во неа...

Слободни сте да го напуштите градот кој го загушил вашето светло, наместо да направи повеќе да засјаете.

Слободни сте да ги спакувате вашите куфери и повторно да почнете одново на некое друго место и слободни сте да ја редефинирате смислата на вашиот живот.

Слободни сте да дадете отказ на работа, дури и ако целиот свет ви вели да не го правите тоа и слободни сте да барате нешто на коешто ќе се радувате секој ден.

Слободни сте да ги оставите оние коишто ги сакате, ако тие лошо се однесуваат кон вас, слободни сте да се ставите себеси на прво место и слободни сте да си одите кога сте дале се од себе, а ништо не се променило.

Слободни сте да ги напуштите отровните пријатели, слободни сте да се опкружите со љубов и луѓе кои ве охрабруваат и го негуваат вашето пријателство. Слободни сте да земете енергија каквашто ви е потребна во животот.

Слободни сте да си ги простите самите на себе сите големи и мали грешки и слобони сте да бидете љубезни кон себе, слободни сте да се гледате во огледало и да го сакате тоа што го гледате.

Слободни сте да се ослободите од своите очекувања.

Понекогаш заминувањето го гледаме како лоша работа и го поврзуваме со откажување, но понекогаш заминувањето е најдобрата работа којашто можете да ја направите за себе.

Заминувањето ви дозволува промена на насоката, нов почеток и повторно откривање на самите себе и светот.

Заминувањето понекогаш ве спасува од тоа да останете заглавени на погрешно место и со погрешни луѓе.

Заминувањето отвора врата за промени, растење, прилики и искупување.

Секогаш имате избор да си заминете, се додека не пронајдете каде припаѓате и што ве прави среќни.

Слободни сте да ги напуштите старите верзии на себе и повторно да се изградите.