Секогаш ќе постои една личност која никогаш нема да ја заборавиш

Секогаш ќе постои таа една личост која нема да можете да ја заборавите. Луѓе кои ќе останат во вашите срца до последниот здив. Тоа се личности кои секогаш ќе имаат дел од вашето срце, личности кои ве промениле и кои влијаеле на различни начини. И без оглед на тоа колку се трудите и без оглед на тоа колку долго биле покрај вас, самата помисла на нив ќе ви го сопре дишењето. Нема да можете да се ослободите од нивното присуство, долго откако ќе си заминат од вашиот живот. Секогаш ќе ви доаѓаат и во најубавите соништа и во кошмарите. 

Но, зарем тоа не е прекрасна работа?

Да знаете дека таа личност ве сакала, дека сте биле обожавани од човек кој ќе ве правел среќни. Кој ве изградил, кој ве преобликувал. Личност која ви покажала дека сте прекрасни и достојни за љубов. И иако не е повеќе покрај вас, дури и ако љубовта кратко траела, таа личност ќе остане длабоко во вашите срца, коски, клетки и мускулна меморија. Таа љубов и натаму силно ќе живее во вас. Дури и ако личноста сега е на друго место, ви покажала колку сте магични. Тој човек ви покажал колку сте убави и способни. Нивната љубов ве научила дека заслужувате да бидете среќни, со или без нив. Нивната љубов ве научила како да сакате и да бидете сакани. И дека го заслужувате тоа. 

Не го гледајте нивното заминување како трагедија. Не го гледајте нивното заминување како грмотевица чиј дожд постојано паѓа врз вас. Гледајте го тоа заминување како нов почеток. Како отворен пат кон нова љубов и нов вид на магија. Не дозволувајте да остане горчина во вас. Не дозволувајте да ви згасне вербата во љубов. Сте доживеале голема љубов и промена во животот, каква многумина никогаш немале привилегија да ја имаат. Затоа не се кријте од сопствениот живот. Не ги исклучувајте луѓето кои ги сакате. Животот и натаму е убав и не се осудувајте да кажете дека никогаш повторно нема да сакате. Ќе љубите повторно. Чувајте ги спомените во умот. Вашата душа нека се сеќава на љубовта и дозволете ѝ на душата да ја пушти да си замине таа љубов. Тоа не значи дека некогаш ќе заборавите. Тоа не ја прави таа љубов помала, ниту ве прави неспособни да продолжите понатаму.

Само мора да се збогувате со таа личност за повторно да доживеете љубов, за повторно да се заљубите во вашиот живот и да му дозволите на вашето срце повторно да се отвори. Мора да ѝ дозволите на оваа личност да си замине за повторно да го живеете вашиот живот. 

Никогаш нема да заборавите. Никогаш нема да заборавите како се чувствувало вашето срце. Но, ќе доживеете нова љубов. И еден ден, никогаш нема да ја загубите таа нова љубов. Но, ќе сфатите и зошто е тоа така.