Секогаш ќе има луѓе кои нема да те сакаат...

Сине мој, постојат луѓе
кои едноставно не те сакаат...
Но, не грижи се за тоа,
не може секој да сака...

Сеедно е дали ги користиш
или им даруваш цвеќе,
дали се предаваш или се бориш,
некои луѓе едноставно нема да те сакаат…

Заедно ви минуваат деновите,
ќе седнете на иста маса.
Но, вие сте два различни света,
кои едноставно не можат да се сретнат.

И можеш да подадеш рака,
да го вадиш срцето од гради,
да ја признаеш твојата мака и твоето страдање,
но некои луѓе едноставно нема да те сакаат...

И кога ќе им тоне бродот,
со џиновска сила можеш да го спречиш да потоне,
повторно ќе бегаат од тебе
и ќе отидат на својот остров...

И затоа, продолжи понатаму,
неодлучните луѓе се слаби,
а Бог ти дарува ветер!
Не се навраќа назад и итај напред!

Отвори ги едрата и фантазирај.
Освојувај метар по метар.
И простувај. Простувај им. Простувај.
Едноставно ветерот не им наклонет!

А кога ќе стигнеш до виножитото
и кога ќе пронајдеш нов свет,
не дозволувај да те победи тагата,
повторно јави им се...