Секогаш е многу студено за празникот- Ќе има ли снег за Богојавление?

Според народните верувања за празникот Богојавление секогаш е многу студено, со снег и голомразица.

 Каква е метео прогнозата на метеологот Славчо Попоски за престојниот викенд?

- Викендот кој ни доаѓа во Македонија ќе ни донесе продор на нов ладен бран од исток и од североисток и истиот ќе услови повторно да имаме пад како на утринските така  и на максималните дневните температури на воздухот. Исто така облачноста ќе се зголеми и ќе има слаби локални врнежи кои полека и на пониските места (градовите) ќе преминуваат во снег, анализира тој. 

И во Скопје  и околината за време на викендот кој доаѓа ќе имаме зголемена облачност која ќе создаде услови да има повремени слаби врнежи од дожд и од снег.

Ќе дува слаб до умерен ветер од источен и од југоисточен а во недела на 18 Јануари од североисточен правец.

Што се однесува до температурите тие викендов наутро ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 4 во сабота на 17 јануари и од -6 до 2 во недела на 18 јануари, а максималните дневни темпераури ќе се искачуваат во интервалот од -3 до 6 степени особено во недела на 18 јануари.