Секое утро иста слика на раскрсницата кај Ново Лисиче (фото)

Кој по тротоари, кој во спротивна лента, кој на црвено...Скопјани се жалат на сообраќајната (не)култура на возачите кои секое утро од 07:30 до 08:30 часот поминуваат на раскрсницата кај Ново Лисиче.

-Проблемот е што сите брзаат и кога се менува семафорот од жолто на црвено наместо да подзастанат и да чекаат да им се пушти зелено, забрзуваат и кога веќе се на пола раскрсница, закочени, од другата страна другите коли тргнуваат. Не е проблем само овде, низ цело Скопје е истата ситуација, вели еден скопјанец.