Секое семејство со новороденче во Ѓорче, наместо пет ќе добие 7.000 денари од општината

Градоначалникот на Ѓорче Петров денес потпиша нови решенија за надоместокот за новороденче кој, согласно одлуката од минатата година, е зголемен од 5000 на 7000 денари!

- Оваа поддршка е дел од нашата заложба за поттикнување на населението и подобрување на условите за младите семејства во Ѓорче Петров. Во тек е изградбата на нова градинка во Стопански Двор, а истовремено подготвуваме документација за уште две нови градинки, порача првиот човек на општината. 

- Ние не застануваме – инвестираме во инфраструктурата која ќе ја подобри иднината на секое дете. Нашата визија е јасна – создавање услови за развој, грижа и иднина за секое семејство! - дециден е Стојковски.