Човекот е гостинска куќа.
Секое утро некој доаѓа.
Радост, депресија, злоба,
некоја минлива состојба... свратуваат
како неочекувани гости.
Биди им добар домаќин на сите!
Дури и на купот тага
која ќе ти претрча низ домот
и ќе ти го однесе целиот мебел,
сепак посакај ѝ добре дојде
како да е почесен гостин.
Можеби те прочистила
за некоја нова наслада.
Црните мисли, срамот, пакоста,
сите дочекај ги на врата
со насмевка на лице и
повикај ги да влезат.
Биди благодарен
за секоја посета,
затоа што секој гостин е
твој водич за надворешниот свет.
Руми