Сеќавање на „златните години“ за ноќниот живот во Скопје

Секое време носи промени и има свои обележја, недостатоци и придобивки. Имун на промените не останува ниту ноќниот живот кој важи за еден од клучните показатели на општествените ситуации.Скопските менаџери и сопственици на локали се едногласни и тврдат - Скопје некогаш живееше со полни гради, а денес живурка во мрак!

Велат дека само правите скопјани го паметат ноќниот живот во Скопје и ги знаат култните места на кои што се „искачаше“ во времето кога градот имаше убав ноќен живот.  Денес сите се едногласни дека главниот град има се, но нема ноќен живот.  За жал денешната младите може само преку спомени да дознае за „златните години“ за ноќниот живот во градот.

Помладите скопјани ги паметат времињата на најубавите јуниор и сениор забави. На излегувањата во Елемент, МНТ, Кабриот и Булевар во Скопје. Тогаш се правеа забави на кои имало и до 1000 луѓе.  Потоа забавите продолжуваа на јадење во Аркадија и Кингбургер. Раскажуваат за менаџерскиот дрим тим... за Ивица и Кице, Диме Малиот, Мече, Томи, Фиц, Даска, Плашка, Икец, Аце Харибо за состаноците пред гимназијата Јосип Броз. Тие ги носеа најубавите девојчиње на забавите.  

Преку зима во Скопје, а летниот перод во Охрид. Таму најубавите журки се случуваа во Парк и Планет. 

Додека малку постарите скопјани се сеќаваат на времето на скопското корзо.  Тие на листата ги додаваат и Хард Рок, Мусандра, Мјузик гарден, Борзои, Шанса, Малибу. Освен тоа излегувањето во тоа време било и во кината Вардар, Центар, Бамби, Култура.. Тогаш Скопје имал најубав живот од сите главни градови во поранешна Југославија.

Во тоа време средбите се организирале пред култната „Ванила“ во ГТЦ и од таму продолжувала забавата.