Десет од вкупно 16 членови на Управниот одбор на ФФМ му откажаа поддршка на претседателот Мухамед Сејдини, барајќи итна седница за решавање на проблемите во федерацијата пишува Спортспорт. Од УО велат дека ова тело долго време не се состанало додека Сејдини самостојно управува со ситуацијата преку комитетот за итност.
Непосредно пред патувањето во Нион, Сејдини објави соопштение во кое УЕФА го осудува мешањето на политиката во федерацијата, но без конкретни докази. Членовите на УО се разочарани и бараат свикување на итна седница за да се соочат со Сејдини.
Спортскиот директор Дени Масев, кој пред неколку недели поднесе оставка, исто така изрази загриженост за самоволието на Сејдини. Членовите сметаат дека обидите на Сејдини да го заврши мандатот и да создаде фудбалска криза нема да успеат.
Паралелно, УЕФА и ФИФА побараа средби со државните институции за да добијат информации за активностите во федерацијата, особено во контекст на политичките влијанија.