А сега малку бонтон: Убавите манири и пристојноста секогаш ќе бидат во мода

Бонтон е книга со правила на однесување која нѐ учи како би требало да се однесуваме со луѓето, како да се однесуваме на улица, на маса или во некои институции.

Често за оние кои се непристојни велиме дека немаат општа култура или едноставно „немаат бонтон“.
Целиот живот е учење и надгардување. На себе мора постојано да се работи и затоа не би било лошо да фрлиме поглед на овие мали правила на однесување поради кои сите ќе ве знаат како шармантна млада дама.

Во секојдневната комуникација

•    Не заборавај да ги користиш овие 4 магични зборови: благодарам, повели, молам и извини
•    Не користи псовки и навредливи или погрдни зборови за другите луѓе. Тоа повеќе кажува за тебе, отколку за нив
•    Кога разговараш со луѓето гледај ги во очи, кога разговараш со повеќе луѓе одеднаш, наизменично погледнувај во секој од нив и настојувај никого да не изоставиш
•    Чекај додека соговорникот заврши да каже сѐ што има, непристојно е кога некој прекинуваш сред реченица
•    Кога зборуваш со луѓе кои се присутни во просторијата со вас, обраќај им се со име, а не со лична заменка. На пример: „Иван ми кажа“, а не „Тој ми кажа“
•    Избегнувај да покажуваш и да го вперуваш прстот во некој или во нешто
•    Запамти дека разговорите не се монолози, значи, не може само ти да зборуваш кога си со друштво, туку мораш и на другите да им допуштиш да го изнесат своето мислење

Запознавање, поздравување и именување

•    Во моментот на запознавање, немој погледот да ти бега наоколу, погледни ја другата личност директно во очи, насмевни се и ракувај се со неа
•    Внимавај на стисокот со раката. Тој не треба да биде преслаб, но не смее да биде ни прејак. Не мораш никому да скршиш прсти за време на запознавањето
•    Секому обраќај се со „Вие“, без разлика на староста и полот, освен ако личноста сама не предложи да преминете на „ти“
•    Помладата личност секогаш мора прва да ги поздрави постарите, значи убаво е прва да ги поздравиш повозрасните соседи или луѓето што ќе ги сретнеш на улица
•    Доколку влезеш во некоја просторија полна со луѓе, нормално дека ќе ги поздравиш сите присутни и ќе се претставиш, особено ако станува збор за луѓе кои не те познаваат
•    На некое лице можеш да се обратиш само со име само на нејзин предлог, во спротивно ќе се обратиш со зборовите „госпоѓо“ или „господине“
•    Кога комуницираш по пат на пораки, исклучи ја опцијата за големи букви, тоа се смета за непристојно и личи на викање
На јавни места
•    Ако си некаде поканета, настојувај да стигнеш на време затоа што со доцнењето само даваш на знаење дека не ги почитуваш другите луѓе, ниту нивното време
•    Иако дамите по правило имаат предност, во угостителските објекти секогаш прв влегува мажот. Значи, ако момчето кое ти се допаѓа го прави ова, тој не е пештерски човек, туку добро ги знае правилата на бонтон.
•    Во затворена просторија пристојно е да се симне шеширот или шапката
•    Во ресторан не е пристојно да се започне со јадење сѐ додека не бидат послужени сите на масата
•    Секогаш придржи им ја вратата на оние кои излегуваат, немој да им ја треснеш пред нос
•    Кога се возиш во автобус, отстапи им место на повозрасните лица, на трудниците и на болните