Сега е време кога учиме да ги цениме малите работи

Сега е време кога учиме да ги цениме малите работи – природата ни е најважна и тоа многу повеќе од сите материјалните нешта кои ги поседуваме или сме посакале да ги поседуваме

Ви се чини ли дека дизбалансот меѓу човекот и природата овие денови не звучи како теорија на заговор, туку како нешто што навистина постои?

Голем од нас  видоа фотографија која многумина ја споделија на социјалните мрежи за тоа како Хималаите се јавно видливи во Индија. Но, не мораме да одиме предалеку, примери за тоа имаме и околу нас.

Гледаме како се буди природата и како воздухот веќе има поинаков мирис. Да, пролет е и работите и природно се поинакви, но се чини дека природата конечно може вистински да дише и да цути, без неодговорниот  и неумесен допир, од нас луѓето. 

Претходно минувавме многу време затворени дома, гледајќи во своите електронски уреди, а сега и кога се воведе полицискиот час, потребно ни е да излеземе надвор и да дишеме. Потребно ни е сонцето, свежиот воздух и физичката активност повеќе од било кога. 

Можеби, време е да научиме да ја цениме природата, да цениме буквално сè – од мирисот на свежо косената трева, сонцето, до тој природен и базичен однос со природата на кој целосно заборавивме, бидејќи мислевме дека сме луѓе (најинтелигентните живи суштества на овој свет) па можеме да правиме сè што ќе посакаме. 

Време е да се навратиме на она што суштински има моќ да нè направи посреќни и поздрави, да ни го зајакне имунитетот и да ни помогне за подобра благосостојба и тоа многу повеќе од сите материјални нешта кои ги поседуваме или сакаме да ги поседуваме – природата.