Сега е време да се свртите кон себеси!

Сега... Повеќе од кога било е потребно да нурнете во длабочините на своето битие.
Да побарате одговори на прашања кои долго ве мачат.
Сега, повеќе од кога било е потребно да најдете време за себеси. Да се запрашате што е она што навистина ве радува и ви носи мир.
И да го направите она што никогаш не сте го направиле. А тоа е да се ставите себеси на свое место. И тоа како се чувствувате.
Да се запрашате што навистина сакате и во која насока се движете. Што е она што навистина ве радува?

Сега... повеќе од кога било е време длабоко да размислите. Да се освестите кои сте и да почнете да ја сфаќате својата вредност.
Да ги земате работите во своја рака... И длабоко од својата душа да почнете да го создавате она што го сакате. Да почнете од ситните работи кои ве радуваат. 

Сега е време. Да се свртиме кон себеси. Одвнатре да почнеме да создаваме некој нов свет.
Подобар, поубав, порадосен.
Да се фокусираме на она што го сакаме. И што помалку да се препуштаме на стравот гледајќи го она што не го сакаме.
Да го земеме животот во своите раце и да го извадиме најдоброто од него. Денес, сега, овој момент, да направиме нешто поинаку. Да го задржиме фокусот на доброто.
Срцето на саканите.
Мислите на она што нè радува.

И да не дозволиме никој да не спречува и одведува далеку од себе. Кон она што не сме. Кон она што не вознемирува.

Да останеме храбри и фокусирани. Да останеме насочени кон Светлината. На радоста на моментот. На луѓето кои ги сакаме. Благодарност за сето она што го имаме. И да го преиспитаме она во кое веруваме. Кон кое тежнееме...

Дали навистина очекуваме нешто поинакво? Или само понекогаш се надеваме.
Време е да се запрашаме. 

И можеби за првпат, навистина да се свртиме кон себеси.

~ Ива Брадариќ