Сега е време да бидете силни

Сега е време да бидете силни, без оглед на тоа низ што поминувате. Не им се предавајте на стравовите и грижите. Бегањето од нив и плачењето по цели ноќи не ви носи ништо добро.

Тој менталитет е време на минатото, сега е време да бидете проактивни. Сè и сешто се случува во животот. Сите правиме лоши одлуки и секакви околности ни тропаат на врата. Дали мислите дека сте единствени на светот кои имале лоша среќа? Можеби лошиот период траел неколку месеци, можеби траел со години. И сега што? Верувам дека ви е потребна промена, а ова е времето за будење!

Посакувам да добивав паричка секојпат кога ќе се фокусирав на нешто негативно, затоа што досега ќе заштедев многу пари. Зошто луѓето продолжуваат да се концентрираат на негативните чувства и потоа се прашуваат зошто не се среќни? Јас сум првата која ќе признае дека сум виновна за ова. Како досега не ни се здосади од повторување на истите негативни мисли? „Не ме бива“, „Не сум убав/а“, итн. Сериозно? Ова ли е сценариото во кое сакаме да живееме? 

Кога се наоѓаме во лош период, веруваме дека сме натрупани и притиснати од секаде. Но, што ако секој лош период нè носи поблиску до нашата судбина? Иако е тешко да се поверува, можеби е вистина? Јас сум тука да ви кажам дека вие растете низ сето она низ кое поминувате. Овие лоши ситуации се привремени. Пронајдете нов начин за да им пристапите на проблемите, преку развивање на позитивен светоглед. Зарем не е подобро да се смееме, да пронаоѓаме убави работи во ситуациите? Треба да знаете дека преку бидување проактивни и преку пронаоѓање на мир и среќа во вашиот живот ги победувате лошите работи. Да се биде реалист не значи да се наоѓа лошо во секоја работа. Не е ваша судбина да пронаоѓате само негативни работи. Ослободете се од горчината!

Јас сакам да верувам дека чудата се случувaат кога се фокусираме на нашите соништа, а не на стравовите. Не ги игнорирам ужасните околности. И јас сум проаѓала низ нив. И сè уште се мачам на моменти, но свесно се трудам да не ја трошам енергијата на тага и безнадежност. Не ги обвинувам другите за мотие случувања. Јас преземам одговорност да бидам подобар човек. Го барам доброто иако изгледа дека нема добро во ситуацијата. 

Ве молам, станете од кревет, најдете причина да помогнете некому и почнете преку тоа што ќе си помогнете себеси. Вашите проблеми нема да исчезнат во текот на еден ден, па можеби ни во текот на една година, но секогаш можете да изберете зрак светлина во врнежлив ден. Колку долго време сме на оваа планета? А колку од тоа време го поминуваме лути, повредени, тажни, под стрес? Најдете го тоа место во вашиот ум и дозволете си себеси да сонувате? Видете го животот кој сакате да го живеете без пречките и борете се за него!

Вие сте храбри, вие сте силни, вие сте суперхерои! Не се предавајте пред пречиките! Знам дека некој денес треба да го слушне ова! Можете да поминете низ ова. Станете, направете чекор и престанете да се самосожалувате. Вашиот живот е подарок, овој ден е подарок и вие припаѓате тука. Отворете ги очите и најдете ги лекциите кои ќе ви помогнат да бидете личноста која треба да бидете. 

Јас верувам во вас, без оглед на ситуациите во кои се наоѓате. Можете да го надминете ова, само отврете го вашето срце кон нови можности и искуства. Сега е време да бидете силни, без оглед на тоа низ што минувате!