„Сега е Свет и Велик Пост“: Бигорски манастир објави нов видео спот за првата великопосна песна

Изминатиов период во Бигорскиот манастир, беше изработен нов видео запис, овој пат за првата великопосна песна (каланда) со наслов „Сега е Свет и Велик Пост“.

Она што е најинтересно е тоа дека овој видео спот преку своето сценарио раскажува една несекојдневна приказна, со која веруваме ќе се гордеат целиот православен народ од нашата земја, а особено Мијаците, односно сите оние кои живеат или потекнуваат од познатиот мијачки крај.