Сеф со пари од донации украдени од џамија во тетовско

Тешка кражба среде бел ден во џамија во тетовско. Бил украден сеф со пари од донации. 

- На 07.04.2026 во 14:45 часот во СВР Тетово е пријавено дека во периодот од 04.04 до 06.04.2026 во џамија во село Сараќино, тетовско, со употреба на тврд предмет е извршена тешка кражба, при што од сефот биле одземени парични средства од доброволните донации, соопштија од тетовската полиција. 

 Се преземаат мерки за расчистување на случајот, додаваат од МВР.