Седумнаесетгодишно момче со нож се обидувало да нападне маж во Скопје

Вчера во 16:30 часот во Скопје, на улица „Димо Хаџи Димов“, 17-годишно лице од Скопје, му упатувал закани по животот на 37-годишниот Г.З., по што со нож, се обидел физички да го нападне. 

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на настанот.

Истиот ден, во 18:15 часот во Полициската станица Центар 47-годишниот И.С. пријавил дека истиот ден околу 00:30 часот на улица „Луј Пастер“ неговиот 17 годишен син бил физички нападнат од група на лица. 

Полицијата работи на целосно расчистување на случајот.