Седумнаесет мигранти биле пронајдени денес во 03.17 часот во липковското село Лојане, од кои еден бил повреден извести МВР.
„Денес во 03.17 часот во село Лојане, липковско, полициски службеници од СВР Куманово пронашле 17 лица мигранти од Сирија, од кои еден бил повреден и од екипа на Итна медицинска помош му била укажана помош“, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Од МВР додаваат дека мигрантите биле спроведени во Транзитен центар Табановце и се преземаат мерки за расчистување на случајот.