
ЈП Водовод и канализација известува дека утрово со прекин во водоснабдувањето ќе бидат дел од корисниците од Карпош 3.
Како што информираат од таму, поради промена на шибер од ф-100мм на улицата Струма бб со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улиците: Радика, Пелистерска, Струма, Огражден, дел од Карпошево Востание, дел од Манапо и дел од Илинденска.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.