Седум патнички возила вршеле меѓународен превоз на патници без соодветна документација

Вчера, од страна на полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин Табановце, било констатирано непочитување на законите кај седум патнички возила, кои вршеле меѓународен превоз на патници.

Имено, при контрола на седумте возила, сите со скопски регистарски ознаки, управувани од Б.Т.(35), К.Ѓ.(65), А.Г.(59), И.В.(39), С.Д.(45), Љ.И.(55) и С.И.(52), сите од Скопје, било констатирано дека вршеле меѓународен превоз на патници без поседување на соодветна документација – лиценца за вршење меѓународен превоз на патници, информира Министерството за внатрешни работи.

Од страна на Државниот инспекторат за транспорт изречени се соодветни санкции за возачите и возилата.