Првите седум од вкупно 33 нови црвени автобуси вчера тргнаа од Загреб за ЈСП Скопје. Автобусите се набавени по пат на проектот на ЕБОР, а тендерот го доби Ауто Хрватска ПСЦ.
Ова го сподели градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов на својот Фејсбук профил.
-Некогаш треба да си упорен. Секогаш треба да веруваш. Моето, твоето, нашето Скопје … Скопје, една поинаква приказна …, наведува Шилегов во својата објава на Фејсбук.