Седум (не)вистини за мажите Близнаци

Без оглед на тоа дали сериозно следите хороскоп или го гледате само како добра забава, сигурно во одреден момент сте го анализирале партнерот и на основа на неговиот хороскопски знак. Ако сте заљубени или на пат да се заљубите во маж роден во овој хороскопски знак, во продолжение прочитајте какви партнери се мажите Близнаци и дали описите подолу одговараат на вашиот (иден) партнер.

Добри се во криење на своите чувства

Мажите родени во овој хороскопски знак се екстроверти кои имаат многу пријатели и секогаш се подготвени за добар провод. Меѓутоа, кога треба да разговараат за вистински чувства на подлабоко ниво, знае да ги фати паника. Претпочитаат да ги чуваат работите за себе и да си го живеат животот без такви ситуации. Поради тоа, ако сакате со нив да стигнете до таков длабок разговор, треба да имате трпение.

Многу добро им оди комуницирањето, дури и кога се расправаат

Тие по природа не сакаат конфликти, па затоа тоа ретко ќе се случува во вашата врска. Но, ако дојде до кавга, бидете спремни на соочување со лутиот Близнак кој ќе направи сѐ за да победи во аргументирана расправа. Ти се суперлогични, а кога веруваат дека се во право, ќе направат сѐ за да го докажат тоа.

Ќе направат сѐ за да бидете задоволени во спалната соба

Кога е во прашање сексот, со нив тоа секогаш е вистинско уживање. Мажите родени во овој знак прават сѐ за да ја задоволат жената, а истовремено се подготвени за пробување нови работи во спалната соба.

Сакаат да живеат во моментот

Мажите родени во овој знак многу ја сакаат реченицата „Само еднаш се живее“. Сакаат да го користат секој момент и сѐ што им се нуди, па никогаш нема да ви биде досадно со нив. Ако работите меѓу вас се добри, ќе бидат среќни, но ако имате лош период, веднаш ќе почнат да размислуваат за промени. Сепак, имајте на ум дека иако треба да се грижите за неговите чувства, не смеете да заборавите и да се заштитите себеси.

Знаат како со пари

Иако нивниот социјален живот на моменти се чини хаотичен, кај нив нема хаос кога се во прашање финансиите. Тие едноставно не сакаат да се чувствуваат финансиски нестабилни, па затоа секогаш сѐ им е под контрола кога се во прашање парите. 

Секогаш се подготвени за добра забава

Кога е во прашање добрата забава, ретко кој може да им конкурира. Тие сакаат убаво да си поминуваат без оглед на тоа каде се наоѓаат. Ако пред врската со нив не сте биле премногу друштвени, подгответе се за промени и нови пријатели.

Секогаш мораат да се занимаваат со нешто, инаку им станува досадно

Тие секогаш бараат некаква занимација. Ако им стане досадно, почнуваат да размислуваат на сѐ и сешто и стануваат несреќни. Мора да има нешто што ќе ги забавува, а истовремено сакаат да живеат безгрижен живот. Затоа морате да бидете спонтани и да уживате заедно со нив.