Седум мали навики кои ќе имаат позитивно влијание на вашата ментална благосостојба

Постојат одредени мали нешта, мали навики кои може поволно да влијаат на нашето ментално здравје. Важно е само на тие ситници да им се посветите на вистински начин и во вистинско време да бидат ваш приоритет.

Овие седум мали навики се одлични за вашата емоционална благосостојба.

Обидете се денот да го започнете барем со една кратка прошетка

Факт е дека многумина од нас поминуваат многу малку време надвор во природа, околу два часа дневно, односно многу помалку од она што треба.

Утрата се тие кои го одредуваат темпото на целиот наш ден и на ноќта. Затоа обидете се да направите барем една кратка прошетка  на свеж воздух пред 10 часот. На пример, паркирајте го автомобилот малку подалеку од вообичаено или симнете се од автобусот неколку постојки порано.

Прифатете ги лошите денови наместо да се обидувате да ги промените

Понекогаш обидите да го смените лошиот ден едноставно се бессмислени и ја одземаат целата енергија. Наместо да се обидувате да ги поправите лошите денови, прифатете го фактот дека не мора во секој момент да се чувствувате идеално. Во ред е понекогаш да ги откажете плановите и да кажете не на плановите кои сте ги зацртале за тој ден. Факт е дека животот е составен од добри и од лоши моменти, возбуда и досада.

Направете вежби за дишење додека се туширате

Туширањето е идеален почеток на денот и можете да го искористите како можност да направите вежби за дишење. Полека вдишете го воздухот и уште пополека издишете. Бидете свесни за тој момент. 

Изедете ја вечерата најмалку три часа пред да отидете на спиење

Раната вечера е добра за дигестијата и за мирниот сон. Потрудете се да јадете најмалку три часа пред спиење за висината на инсулин да биде најдобра што може.

Направете си своја ноќна рутина

Ноќните рутини се уште еден мал чекор кој може поволно да влијае на вашето ментално здравје. На пример, можете да заплаите свеќа и кратко да медитирате или да поминете 15 минути читајќи книга. Сите опции се добредојдени.

Чувајте го мобилниот подалеку од креветот

Сега многумина од вас ќе кажат дека мобилниот го користат како будилник. Размислете за користење на традиционален будилник, а мобилниот оставете го подалеку од себе кога одите на спиење. Исто така, потрудете се наутро да не го одложувате алармот затоа што така се ослободува кортизол, хормонот на стрес.

Прифатете го фактот дека совршенство не постои

Можеби ова звучи како клише, но е вистина. Мислењето дека можеме да бидеме совршени лесно може да се претвори во слабост. Факт е дека никој не е совршен, а и не треба да биде. Колку побрзо го прифатите ова толку животот ќе ви биде полесен.